ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 

СТАРТ

Официјално е. Еден автомобил што го поседува натпреварувачкиот дух на SEAT и е како ниеден друг: од неговата редизајнирана предна маска до неговите нови, полирани челични издувни цевки, новиот Leon CUPRA е најмоќниот и по својот изглед најспектакуларен модел во нашата гама – со својот воодушевувачки нов изглед подготвен да му го забрза пулсот секому, на секој агол и да ја победи конкуренцијата на самиот старт.

Новиот Leon CUPRA е подготвен со нашиот нов XDS систем како стандардна опрема: Кога влегувате во свиок, електронската програма за стабилност функционира како само-блокирачки диференцијал којшто ја смирува реакцијата при управување без да се загуби на ефективност. Со прецизно приспособување и синхронизација со ESP (Електронска програма за стабилност), тој го сопира тркалото што губи контакт со патот. Свиоците никогаш досега не биле побезбедни и позабавни.

Натпреварувањето и безбедноста е тешко да се разделат. Оттука списокот на стандардни елементи на безбедносна технологија на новиот Leon CUPRA е долг, а го вклучува следново: подготвен е со ABS (Систем против блокирање на кочниците) и ESP (Електронска програма за стабилност) со EBA (Асистенција при нагло сопирање), сензор за притисок во пневматици, воздушни перничиња за возач и совозач, а и странични воздушни перничиња и воздушни завеси.

Исто така обрнете внимание на контрола на климата, светла за магла со активирање во свиок, патен компјутер, темпомат и аудио CD MP3 со 8 моќни звучници со комбинирани USB/Aux-in Конектори (CUP) што ви овозможуваат потполна контрола на вашите MP3-записи од вашиот USB уред или iPod®, преку мултифункционалниот управувач. Да не заборавиме да напоменеме дека рачките на вратите се во боја на каросеријата, додека задните стакла се дополнително затемнети.



Направена од истите раце што ги подготвуваат натпреварувачките модели на Leon, коишто учествуваат во WTCC, EUROCUP или националната Supercopa серија, новиот Leon CUPRA е подготвен со нов 2.0TSI 240 кс мотор што ги исполнува EU5 стандардите за емисија на издувни гасови, и е подготвен да галопира до 247 км/ч од кои застанува здивот. Доволно е само да го допрете педалот за забрзување и дозволете моќниот, продорен одек на тркачкиот мотор да ви навлезе во секоја ваша пора… Ова е чиста моќ, скротена од прецизно приспособена Sport суспензија, којашто го прави управувањето со овој автомобил огномет од емоции.

Поседувајте го духот.

Дали сте заинтересирани да дознаете повеќе? Откријте ја новата Ibiza CUPRA со кликање на линкот долу.