ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 

СТАРТ

Уште од неговото креирање, Leon CUPRA докажа дека е тежок за следење од конкурентите. Отсега ќе биде уште потежок: Неговата нова силуета вклучува софистицирани, оригинални разладни отвори со структура на мрежата во вид на пчелино саќе додека пак предниот одбојник содржи два нови сегмента во црна боја со интегрирано лого CUPRA на левата страна - не оставајќи сомнеж за тоа кој ја контролира ситуацијата кога вашиот одраз само за миг ќе се рефлектира во ретровизорот на возилото пред вас.

Редизајнот на задниот дел вклучува елегантен црн сегмент во долниот дел на одбојникот и полирана овална издувна цевка од челик и впечатливо лого CUPRA, поставено цетнтрално на вратата од багажникот. Страничниот поглед го открива сниженото подвозје – давајќи му на новиот Leon CUPRA изглед и чувство на оригинална натпреварувачка верзија.

А кој не би можел да не ги забележи ефектните 18” фелни од алуминиумска легура, споени со флуидните излиени краци, и надворешните ретровизори во црна боја? Сè е дел од карактеристиките на овој модел: Смел, решителен, предодреден за победа.

 

Кога за прв пат ќе седнете во спортско профилираните предни седишта на новиот Leon CUPRA, дизајнирани во вистински супер-спортски стил, со интегриран потпирач за глава и предимензионирани страници од седиштето за странична поддршка на острите свиоци, веднаш ќе препознаете дека автомобилот е роден на тркачка патека. Одберете од новиот опционален материјал на ентериерот како што е привлечната комбинација од сива Алкантара и црн текстил или црна кожа сошиени со конец во сребрена за совршен баланс помеѓу спортски и ексклузивен стил.

Сите елементи на ентериерот се во црна боја. Мулти функционалниот трокрак управувач обложен со кожа е со сегмент од алуминим со мат финиш и интегрирано лого на CUPRA. Менувачот обложен со кожа е во совршена комбинација, додека алуминиумските педали и белата позадина на мерните инструменти го комплетираат впечатокот. Автомобилот е многу сериозен да ја понесе славата од минатото во нова декада.

Дали сте подготвени за “пол-позиција”.