ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 

 
 
 
       

Т.Д. КА - ДИС е една од најпрвите приватни фирми во Македонија
со досегашно 19 годишно искуство во бизнисот со автомобили.

Во ноември 1999 година, Т.Д. КА - ДИС д.о.о. потпишува договор со шпанската фабрика за автомобили SEAT S.A. со кој станува официјален импортер на возилата на SEAT во Р. Македонија.



   

При набавка на нови возила од програмата на SEAT, ви нудиме можност за плаќање на рати, во соработка со неколку банки и две лизинг фирми. Исто така, можеме да ви понудиме варијанта на оперативен лизинг, која е особено поволна за фирми како вашата.


Доколку постои интерес за набавка на возила, детално ќе ве информираме за условите.
Воедно, сакаме да ве информираме дека имаме договор за соработка со сите осигурителни компании во Македонија.
 


 

На 14-ти декември, 2005 година, совпаѓајќи се со 15 годишнината од своето постоење, КА – ДИС го заокружува своето постоење со отворање на модерен SEAT Центар,чија вкупна површина изнесува 3400м2. SEAT Центар е особено впечатлив, додека пак архитектурата е единствена од таков тип не само во нашава земја туку и во регионот, истовремено најголем на Балканот. Дизајнот е изработен во согласност со стандардите на SEAT, чии Центри се идентични во целиот свет.


Во SEAT Центар е сместен изложбениот салон на возила 600 м2, административниот дел 750 м2, магацин за резервни делови 200 м2, сервис 600 м2 и лимариска работилница 450, опремени со најсовремена технологија на уреди и инструменти како и подземен магацин на нови возила од 1200 м2. Во КА-ДИС има посебен кафе бар дел во кој може да уживате додека го чекате вашето возило. Ние се погриживме и за најмладите членови од вашето семејство и обезбедивме посебен простор кадешто тие ќе можат да се забавуваат додека вие го одбирате новиот модел на SEAT.
 

 
 
 

 

 
 
 
       

КА-ДИС, поддржувач во голем број манифестации и донатор

Компанијата КА-ДИС обрнува особено внимание за активното учество во локалната заедница. Во таа насока, компанијата поддржува голем број проекти од областа на културата, спортот и уметноста, споделувајќи ги убавите моменти со останатите членови на заедницата.

Своите промотивни активности ги поврзува со случувања од областа на културата, како што се уметнички изложби и балетски претстави, од областа на спортот, одбојката и планинско рели на велосипеди, модни ревии, разни забавни радио и ТВ емисии и изведби на познати музичари и глумци.

Во 2002 година SEAT донираше две возила на Машинскиот факултет во Скопје и во 2006 година уште две возила на средното техничко училиште – “Боро Петрушевски“.Со задоволство КА-ДИС беше иницијатор на оваа донација која е од огромно значење за следење и развој на науката и технологијата во овие два образовни ентитета.

Со оваа активност КА-ДИС партиципира во едукативен развој на млади амбициозни луѓе од Македонија, како и промовирање на позитивен имиџ на компанијата и на брендот SEAT. За младите генерации во Македонија, SEAT е веќе синоним за поинаков lifestyle и нова технологија.

Донираните возила претставуваат можност за студентите да ја учат и разбираат подобро најновите изуми во технологијата на автомобилската наука. Фактот што две докторски дисертации и магистерски студии беа основани и развиени врз возилата е само доказ дека целта да се учествува во едукативниот развој е постигната.
 

 

Со цел квалитетно и професионално исполнување на услугите, фирмата ги вклучува следните оддленија: Продажба, Пост продажба, Оддел за финансии, Маркетинг, Односи со јавност & Комуникации, Транспорт, Сервис и одржување на возила и Внатрешно одржување. Во моментот КА-ДИС има повеќе од 50 вработени, со што се задоволуваат навремено сите барања на клиентите.

Секој оддел се одликува со своја ефикасност и брзина на одговор на поставените задачи, што за клиентите подразбира квалитетна услуга. За да се одржи високото ниво на професионалност, како и следење на сите современи трендови на менаџирање, компанијата постојано инвестира во континуирана едукција на своите вработени, што се остварува во соработка со фабриката SEAT.


Во текот на годината, SEAT фабриката е домаќин на разни семинари и конференции, чија основна задача е споделување на искуствата.

За одделот на продажба, сервис и одржувањето, неколкупати годишно се изведуваат обуки, на кои вработените се остручуваат и запознаваат со сите светски новитети од областа на автомобилската индустрија.

Сите одделенија се опремени со компјутерска техника и електронски помагала, а освен тоа, компанијата е директно поврзана со фабриката, преку посебна електронска мрежа, преку која се одвива комуникацијата во однос на производството и испораката на возилата.

 

 
 
 
     
       

2009 - SEAT Ibiza “Најпосакуван автомобил во Македонија според гледачите на Авто Магазин за 2009 година“

2009 - Плакета за долгогодишен поддржувач на велосипедизмот во Македонија од Велосипедското друштво “Енерџи“

2009 - Признание за петгодишен поддржувач на Фестивалот за модерен танц “Танц Фест“.

2009 - Шампионска титула за женскиот одбојкарски клуб SEAT Форца Волеј во првата Македонска одбојкарска лига за 2009 година

2008 – Шампионска титула за женскиот одбојкарски клуб SEAT Форца Волеј во првата Македонска одбојкарска лига за 2008 година

2008 - SEAT GO “За постигнати врвни резултати во продажбата во дилерската мрежа“

2008 - Главен поддржувач на тимот Forza SEAT Ibiza на Државниот шапмионат на одбојка на плажа, каде што тимот Forza SEAT Ibiza ја понесе шампионската титула.

2008 - Благодарница од Snowboard клубот Polar за дологогодишната подршка.

2006 – Донација на два автомобили SEAT на Средното техничко училиште “Боро Петрушевски“

2006 - SEAT Leon “Најпосакуван автомобил во Македонија според гледачите на Авто Магазин за 2006 година“

2006 - SEAT GO “За постигнати врвни резултати во продажбата во дилерската мрежа“

2005 - SEAT Altea “Автомобил на годината за 2005“

2002 – Донација на два автомобили SEAT на Машински факултет, Скопје

2002 - Награда за најдобар оддел за “Односи со јавност“

2001 - SEAT Leon “Автомобил на годината за 2001“

2000 - SEAT Toledo “Специјално признание за безбедност и еколошка прифатливост на автомобилот“

1998 - SEAT Arosa “Специјално признание за економичност на автомобилот“