SEAT

SEAT е шпанска компанија во сопственост на Volkwagen Group и интегрирана во Audi Brand Group, чија исклучителна карактеристика е нејзиниот спортски карактер. Компанијата се развива и произведува модели кои го комбинираат неконвенционалниот дизајн со спортска ориентираност и прогресивен карактер, вредности што се содржани во логото на брендот „SEAT Auto Emocion“.

Пристигнувањето на Altea во 2004-та година, го одбележа почетокот на новата генерација на возилата на SEAT, со што ја прошири палетата возила што моментно се произведуваат од страна на компанијата-Alhambra, Arosa, Cordoba, Ibiza, Leon и Toledo. Оваа шпанска компанија извезува две третини од своите производи. Иако нејзините главни пазари се во Европа, SEAT има свои филијали во 67 земји на 5 континенти, кои функционираат преку својата комерцијална мрежа, сочинувајќи повеќе од 3,000 салони за продажба и услуги.
Компанијата е насочена кон постојани залагања во инвестициите, за да може да понуди нови модели и модерни производствени комплекси. Во состав на пошироката стратегија, еден од приоритетите на компанијата е инвестирање во Истражувања и Развој (R&D), за да обезбеди иновациски производи со највисок квалитет. За остварување на оваа цел, постојано се ангажирани околу 1300 луѓе во Centro Tecnico de SEAT, S.A. во Martorell. Оваа новоформирана компанија, на SEAT му овозможува уникатна позиција меѓу сите призводители на возила во Шпанија, правејќи го да биде единствен бренд со можност за дизајн, развој и производство на своите возила.
Со исклучок на SEAT Alhambra, која се произведува во фабриката на Volkswagen Group во Palmela (Португалија) и парцијално производство на Ibiza во фабриката во Братислава (Словачка), сите модели на SEAT се произведуваат во фабриката во Martorell. Оваа фабрика беше свечено отворена од страна на неговото кралско височество, шпанскиот крал Хуан Карлос први во 1993-та година и се смета за една од најморедните фабрики во Европа и тоа благодарение на нејзиниот систем за логистика како и флексибилниот процес на производство. Секојдневно, повеќе од 2 илјади возила ги напуштаат производствените ленти на фабриката.
Производството и продажбата на SEAT достигнува бројка од околу 450 илјади во текот на една година.
SEAT, со базичната работна сила од околу 13 илјади луѓе, неодамна одбележа две прослави: во 2000-та година беше одбележана 50 годишнина од постоење на фабриката, додека во 2003-та година беше одбележан половина век од производството на првиот модел. Гледано севкупно, ова се два настани од посебна важност за компанијата кој е еден од најмладите брендови во Европа.

Менаџмент
Борд на директори
Dr. Martin Winterkorn, Претседавач

Извршен комитет

Dr. Andreas Schleef, Претседавач
Dr. Winfried Burgert, Истражување и развој
Ramón Paredes, Човечки ресурси
Lars-Henner Santelmann, Продажба и маркетинг
Wolfram Thomas, Производство

SEAT, SA. низ статистика