Во духот на КА-ДИС е да просперира и да биде проактивна како компанија, затоа веќе за следните години се испланирани, изградба на нови SEAT дилерски центри, лоцирани во Битола, Струмица, Гевгелија, Охрид, Прилеп, Тетово. Со овие 6 дилерски центри КА-ДИС својата дилерската мрежа ја унифицира со новиот архитектонски диэајн на СЕАТ.
Во декември 2006 беше возобновен проектот со две обраэовни институции на кои им беа донирани две возила и едукативни материјали во 2003, донацијата на КА-ДИС на две возила SEAT на Машинскиот факултет во Скопје и средното техничко училиште - Боро Петрушевски е потег кој придонесува многу за овие две институции. Со задоволство КА-ДИС беше иницијатор на оваа донација која е од огромно значење за следење и развој на науката и технологијата во овие два образовни ентитета.Со оваа активност, КА-ДИС партиципира во едукативен развој на млади амбициозни инжинери и механичари од Македонија. За младите генерации во Македонија, SEAT е веќе синоним за поинаков lifestyle и нова технологија.Донираните возила претставуваат можност за студентите да ја учат и разбираат подобро најновита технологијата во автомобилската индустрија. Фактот што две докторски дисертации и магистерски студии беа основани и развиени врз возилата, е доказ дека целта да се учествува во едукативниот развој е постигната. |