Во Февруари 2006 Кадис го отвори новиот
SEAT Центарот е модерен автоцентар, изграден според стандардите на SEAT. Карактеристичен по својот изглед, тој е еден од најголемите центри на балканот. Архитектурата е единствена од овој вид, така што нема да ја почувствувате разликата дали се наоѓате во Шпанија, Италија или Скопје. Светот на autoemocion е веднаш препознатлив.
Дизајнот е изработен во согласност со стандардите на СЕАТ, чии авто центри се идентични во целиот свет.
Вкупната површина на СЕАТ Авто Центарот изнесува 3800 м2, во кој е сместен изложбениот салон на возила 600 м2, административниот дел 750 м2, магацин за резервни делови 200 м2, сервис 600 м2 и лимариска работилница 450, опремени со најсовремена технологија на уреди и инструменти како и подземен магацин на нови возила од 1200 м2. Во КА-ДИС има посебен кафе бар галерија, дел эа оние кои го чекаат вашето возило од сервис а эа најмладите членови од вашето семејство обезбедивме посебно одделена занимална, детско катче, каде што тие се забавуваат додека вие го одбирате новиот модел на SEAT.
ТД Кадис е опремен со најсовремени уреди эа сервисирaње и има можност брзо и прецизно дијагностицирање на електронските дефекти на возилото. Центарот е опремен и со специјални уреди за испитување на инсталацијата на моторната електроника како и уред за испитување на инсталацијата на ABS системот против блокирање на тркалата при сопирање. Автолакерскиот дел е опремен со најнова технологија эа лакерски и лимарски работи. |