ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
 

Ibiza SC е креирана со примена на високо технолошки решенија, дизајнирани исклучиво за вашиот комфор.

Влезете, сместете се, станете едно со неа ... уживајте во возењето.

Предните светла со остар поглед на Ibiza SC ќе предизвикаат многу свртени погледи каде и да одите. Но има и повеќе од тоа. Предните светла за магла имаат функција на осветлување во свиоци – што значи дека, кога е потребно, тие ќе се фокусираат автоматски во насоката во којашто се движи автомобилот, со цел да ви го направи патувањето најбезбедно. Дали би сакале да бидете чекор понапред од останатите и да видите што се случува околу свиокот? Ibzia SC ќе се погрижи да ви го овозможи тоа.

Можете да ги понесете нештата и чекор понапред со опционалните Bi-xenon предни светла со AFS (Адаптивен систем на предни светла). Светлата ја следат насоката на свртување на управувачот, овозможувајќи широко видливо поле и прецизен фокус. И вие сте биле секогаш со чист поглед, зарем не?

 

 

 

 

Уште една интелигентна карактеристика на Ibiza SC е асистенцијата при тргнување на нагорнина, достапна како опција со ESP (Електронска програма за стабилност). Поради овој корисен елемент на технологијата, отсега можете да бидете опуштени при тргнување на нагорнина – кочниците се блокирани уште 2 секунди, давајќи ви доволно време за опуштено тргнување. Што би кажале за ова? Тргнување баз напор, секогаш.

Додека убавината може да биде вродена, сакаме да ве запознаме со вистинските карактеристики на овој автомобил всадени длабоко во него: списокот на елементите на висока технологија е долг, давајќи и` на Ibiza SC сериозен технички кредибилитет. Тука е помошта при движење наназад, којашто учтиво ве информира за секое возило што ви го попречува движењето или за останатите препреки околу вас – а уверувајќи ве дека вашиот симбол за опуштен стил нема да биде оштетен во последните минути од возењето. Исто така, тука е и сензорот за дожд, што ги детектира и најмалите капки дожд и автоматски ги активира бришачите на ветробранското стакло. А и темпоматот, овозможувајќи ви целосен комфор на автопат и долгите патувања – како и сензор за притисок во пневматиците, ако одберете и ESP (Електронска програма за стабилност). А врзани сте со вашата музика? Се надеваме – затоа што отсега можете да го приклучите вашиот iPod® или некој друг надворешен уред преку USB приклучокот. Единственото нешто што ќе побарува ваш ангажман е креирањето на музичката листа.

Сега, погледнете ги отворите за вентилација што се приспособуваат. Изгледаат прилично интелигентно решени, нели? Направете ги уште поинтелигентни со додавање на новиот приклучок со адаптер за портабл навигација што се наоѓа веднаш над нив, на инструмент таблата. Инсталирањето на уред за навигација со ова е направено многу едноставно – ќе ве води кон вашата цел без да го загубите патот.