ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
 

Кога би можел моментот кога ќе излезете надвор со вашите нови патики за прв пат да биде замрзнат и сочуван засекогаш. Свесни сме за потребата да останат совршени. Поради тоа Ibiza SC ја подготвивме со најмодерните безбедносни карактеристики – правејќи ја најбезбедната Ibiza досега.

Перфекција без рок – покажете се, безбедно.

Најнапред фактите. Гордост ни е да ви сооопштиме дека Ibiza се здоби со максималните 5 ѕвезди во Euro NCAP рангирањето за заштита на возрасни лица. Исто така, постигна максимален резултат при фронтален удар и заштита на деца во кабината, и оценета е со 100% за издржливост при страничен удар. Со други зборови, најбезбедна Ibiza досега.

Со вашето критичко око ќе забележите дека во Ibiza SC се поставени многу безбедносни елементи кои се надеваме дека нема воопшто да ви затребаат. Сите вклучени сериски – вклучувајќи активни и пасивни безбедносни системи, како и воздушни перничиња за глава и граден кош за возачот и совозачот.

Од каде да започнеме? На задната клупа ќе најдете сигурносни ремени со прицврстување во три точки, а и централен сигурносен ремен, како и ISOFIX подготовка на задната клупа. Како дополнување, тука е и системот “Top tether” за подобро прицврстување на детските седишта, којшто се грижи да останат таму каде што сте ги поставиле. Плус и потстетник за сигурносен ремен, којшто ќе ве опомене вас или вашиот сопатник доколку не сте го ставиле појасот. 93 пати да бидеме попрецизни. Прилично иритирачки, претпоставуваме ќе ги врзете веднаш ремените.

 
  И тоа не е сè. За да ве држиме понастрана од неволја, на прво место е нашата последна генерација ESP (Електронска програма за стабилност) и XDS. Тука е и Асистенцијата при ненадејно сопирање (EBA) и Системот против блокирање на тркалата (ABS). ESP системот ги контролира информациите од управувачот, тркалата, сопирачките и педалот за забрзување, при што прави корекции каде што е потребно. А пак ABS системот е тука да ги спречи вашите тркала од блокирање (или преголемо забрзување), без оглед на условите на патот. EBA системот обезбедува максимална моќ при сопирање при најмал допир на педалот.

Влезете со SEAT Ibiza во свиок и ќе ја почувствувате разликата што ја прави технологијата. Таа доаѓа во облик на XDS**, систем за контрола на тракцијата, којшто работи паралено со ESP. XDS системот дава повеќе контрола при кочење во свиок. Ако почне тркалото да пролизгува, XDS го спречува, овозможувајќи му на секое тркало доволно количество сила на притисок за да ја максимализира тракцијата и да ја подобри респонзивноста по свиоците. Тркалата можат да се вртат со различна брзина кога имаат потреба, задржувајќи ве на патот во динамичен стил.


“Продолжување на перфекцијата” всушност не е само модерен израз. Toa е она што ние го работиме.