ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
 

Секако, вие сте подготвени за сè што ќе ве пресретне во животот. Сепак, Ibiza SC ја поседува најновата технологија што ќе ви помогне да излезете на крај со уште повеќе изненадувања.

Изгледа добро додека се грижи за вас.

Да го земеме, на пример, управувачот со динамична реакција, технолошко достигнување што го приспособува управувачот со електронски контролираниот серво систем, како и со брзината на движење и условите на патот. Резултатот е: прецизно дотерано управување и зголемена базбедност.

Серво управувачот, којшто се приспособува во зависност од брзината на движење, исто така игра важна улога – при управувањето на мали брзини асистирањето е поголемо, а помало при големи. Што значи дека паркирањето ќе биде како детска игра, додека при големи брзини имате цврст контакт. За ваша информација: Најновиот ABS (Систем против блокирање на кочниците) и последната генерација на ESP* (Електронска програма за стабилност) и TCS* (Систем за контрола на тракцијата) се вклучени.

Ставете ги рацете врз масивниот управувач: Го забележавте ли лесниот пристап до различните функции вградени во управувачот? Со интегрираната Bluetooth® конекција е всушност дизајниран за да го приспособувате аудио уредот без да мрднете со малиот прст. Секој повик може да биде контролиран со гласовна команда – така што сè ви е под контрола цело време. Дали го барате Мигел, Мајкл или Мишел?

 

 

 

Да го дефинираме на следниов начин. Управувањето на овој автомобил по патот заслужува и добра забава. Поради тоа ви нудиме Радио CD / MP3 уред, 6 звучници и USB конектор преку кој ќе го поврзете вашиот сакан iPod®. Приклучете го, вклучете го, старт.

Мултифункционалната инструмент табла во Style и Sport верзиите на Ibiza SC колекцијата се опремени со новиот LCD екран преку кој ќе ги добиите сите информации потребни за совршено контролирано возење. Патниот компјутер реагира брзо на секој ваш допир, одредувајќи го времето поминато на пат од вашето тргнување, просечната брзина, потрошувачката на гориво, изминатиот пат, како и патот што можете да го изминете со моменталната просечна брзина без да го дополните горивото – како и надворешната температура.

Клима уред или Климатроник подразбира дека ќе имате совршена внатрешна температура при возење, без разлика што се случува надвор. Задржете ги вашите електрично придвижувани стакла затворени, држејќи ги љубоморните погледи надвор, а свежината внатре. Слободно погледнувајте се во електронски придвижуваните надворешни ретровизори или внатрешниот ретровизор почесто: Опуштено, мирно и модерно се зборовите што треба да се видат на вашето лице.

Лесно ќе ве продобие ова ремек дело на функционалните елементи. Во случај да ви е потребно и понатамошно убедување, дозволете ни да ве поттурнеме од самиот раб: Предните светла имаат нешто наречено Функција доаѓање дома – дел од пакетот во верзијата Style. Што значи дека тие остануваат вклучени уште 30 секунди откако ќе излезете од автомобилот, што ви дава време да ги пронајдете вашите клучеви од влезната врата во вашата кожена чанта. Во случај да се пропаднати на дното или се сплеткани со вашиот кабел од слушалките.