ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Кога ја дизајниравме Ibiza SC, баравме совршена форма за да можеме да го изразиме современиот концепт на ненаметлив изглед и личен стил. Резултат? Ги надминуваат сите други. Безгрешен израз на модерен вкус. Единствена комбинација од совршен изглед и авангардна технологија, сето тоа совршено фузионирано од SEAT. Фасцинира, како однадвор, така и однатре.

Однадвор брзо и силно ќе ве привлече нејзиниот неверојатен изглед. Следете ги линиите од предните светла преку крилата. За прв пат ќе согледате дека на автомобилот не е направен компромис врз оригиналнита идеја на дизајнерот – овој автомобил е обликуван како стрела. Едноставно - карактер. Едноставно – пат.

Но сето ова не завршува тука – само обрнете им внимание на деталите: хромирана рамка на предната маска, Bi-xenon предни светла со AFS (Адаптивен систем за осветлување на предни светла) се до 17“ фелни од лесна легура. Не ви ветивме премногу, нели?

Однатре ќе откриете повеќе простор од кога било– и дека можете да го дотерате ентериерот совршено да им прилега на вашите потреби, вклучувајќи ги седиштата и потпирачите за глава и раце. И секако, возачот поседува целосна контрола со управувачот, којшто се приспособува по длабочина и височина.

Преградата за чување помали предмети се грижи просторот во автомобилот да остане среден и организиран: во багажникот ќе најдете мрежа, а во задниот дел од седиштата џебови – дури можете да изберете и фиока под предните седишта. Тука се и трите држачи за чаши и 12V приклучок за сè што сакате да вклучите. А дали ви напоменавме за практичната преграда во којашто можете да ставите и дополнителен пар очила за сонце? Во случај вашиот сопатник да се појави со идентичен пар со вашите.

Како со леснотија да се снајдете со стилот.