ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
 

Кога ја дизајниравме новата Ibiza SC, нашата цел беше да создадеме автомобил што ќе внесе вистинска компетитивност на патот и заслужи милионски суми од спонзори за својот воодушевувачки изглед.

Возбудени сте да влезете во неа? Не ве обвинуваме.

Екстериерот на новата Ibiza SC е дефиниран од динамичните линии што создаваат вистинско присуство на патот. Секоја линија е креирана со цел и тече флуидно врз автомобилот. Ова и го очекувавте од еден свеж елемент на спортската мода.

Слободно приближете се поблизу. Погледнете како формата на автомобилот е креирана започнувајќи со правите линии од предната хромирана маска, продожувајќи по страните и завршувајќи во задниот дел на автомобилот. Дизајн на автомобил што е развиен и применет без компромис: инспириран од облик на стрела, што пренесува динамична самодоверба, урбано однесување и рафиниран идентитет. Влезете во неа. „Убаво ви стои“.

Погледнете ја однапред – само еден поглед врз Bi-xenon предните светла со AFS (Адаптивен систем за осветлување на предни светла): цврст став – не дозволува “не” за одговор. Концентрирајте се на рачките на вратите, страничните ретровизори и одбојниците – сите совршено ускладени со бојата на каросеријата. А сега погледнете ја одзади: погледнете ги тие интелигентно решени задни светла, одбојникот што се претопува во каросеријата на автомобилот како и елегантниот спојлер со кој завршува покривот со совршено заоблување. Врвна технологија, базбедност без компромис и воодушевувачки изглед – споени во едно и подготвени да бидат покажани.

 

 

 

 

 

Што е тоа што го прави вашиот избор, вашиот стил? Бојата и дополнителната опрема, секако. Дали ќе ве изненади ако ви кажеме дека Ibiza SC е достапна со смел избор на бои, што е поголем од кога било? И со цел да ви го отежнеме изборот, ви ја презентираме за прв пат гамата на специјални бои по порачка. Но можеби би сакале да ја разгледате нашата и понуда на 17“ фелни од лесна легура – големото е големо оваа година. Нова сезона – нов избор.

Што би била вашата ветровка без шушкањето на материјалот, додека разгледувате низ вашите омилени продавници? Истото тоа, притискање, завртување и вклучување на секое копче, рачка и ракофат во Ibiza SC, произведува нежен тон и рафинирано чувство при допир. Овие тонови беа внимателно креирани за вашето уживање во возењето да биде ненадминато. Вистинско – спортска мода внесена во секое копче.

(*) Хептиката е наука што го проучува чувството на допир и контрола при интеракцијата со механичките, електронските и комјутерските апликации.