ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Ibiza е подготвена со врвни технолошки решенија кои се дизајнирани да го направат вашиот живот полесен.

Подгответе се за незаборавно возачко искуство.

Една од првите работи што ќе забележите секако се предните интелегентни светла. Но има повеќе за нив отколку што може да се забележи. На пример, светлата за магла имаат свосјтво да гио осветлуваат свиоците, кое кога е потребно, автоматски ги фокусира во насоката на движење на автомобилот со цел да ви добите уште поголема безбедност. Непријатни изненадувања зад следниот агол? Заборавете на тоа.

Исто така можете да ја надградите со Bi-xenon предни светла со AFS (Адаптивен систем на предни светла). Тие всушност ја следат насоката на ротација на управувачот, нудејќи широко видно поле и прецизно фокусирање.



 

 

Во останатите детали вклучени се задни паркинг сензори кои ве информираат дали сте премногу блиску до околните возила и предмети. Да не го заборавиме и сензорот за дожд кој ја детектира присутноста на капки вода и автоматски ги вклучува бришачите на предното стакло, или темпоматот кој ве опушта на автопатот и при долгите патувања. И да не заборавиме да напоменеме дека, ако изберете верзија со ESP (Електронска програма за стабилност), вклучен е и индикатор за притисок во пневматиците исто така.


Загрижени сте како ќе ја слушате вашата омилена музика.Без грижа- можете да го поврзете вашиот iPod ® уред или друг надворешен уред приклучен во USB влезот. Останатото е до уживате во вашата музичка листа.

Патем, дали ги забележувате прилагодливите отвори за вентилација? Изгледаат елегантно, ќе се сложите, уште повеќе ако одлучите да имате и приклучок за уред за навигација поставен во средината на инструмент таблата. Правејќи го поставувањето на уредот за навигација едноставен – кој ќе ве одведе од точка А до точка Б без заобиколувања.

Уште една извонредна функција во Ibiza е the Помошта при тргнување на нагорнина, кој е достапен со ESP (Електронска програма за стабилност) како опција. Овој практичен уред значи дека повеќе нема да има паника при тргнување на нагорнини. Значи наместо да жонглирате со педалите, можете работата на нозете да ја сочувате за танцување. А тоа е поради одложувањето на функцијата на сопирачката за две секунди, кои ви даваат доволно време за релаксиран старт.