ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Важно е да се остане совршен. Затоа је подготвивме Ibiza со најновите безбедносни системи – правејќи ја најбезбедната Ibiza досега!

Продолжете – можете безбедно да ја покажете вашата Ibiza.

Ние ја подготвиме Ibiza со сите врвни безбедносни функции - нешто што значи дека не е случајност што таа ги освои максималните пет ѕвезди во Еуро NCAP за заштита на возрасни патници, постигнувајќи висок резултат при фронтален судир и заслужувајќи импресивен фактор од 100% при страничен удар. Таа, исто така, постигна висок резултат при заштитата на деца. Со други зборови, ние сме горди да се каже дека тестот го поминала досега најбезбедната Ibiza.

 

 

Ќе видите дека има многу работи за коишто се надеваме дека никогаш нема ви притребаат. Сите од нив се вклучени сериски - вклучувајќи активни и пасивни системи за безбедност и воздушни перничиња за граден кош и глава за возачот и совозачот.

Од каде да почнеме? Во задниот дел ќе најдете безбедносни ремени со прицврстување во три точки, како и централен безбедносен ремен, но и ISOFIX контакти во задните седишта. Покрај тоа тука се и Top tether контактите, коишто ветуваат дека вашите најмали ќе останат таму каде што сте ги сместиле. Плус, потсетникот за безбедносен ремен ќе ве опомене ако вие или вашиот сопатник не сте соодветно врзани, точно 93 пати. Прилично вознемирувачки, би рекле – ремените ќе бидат поставени веднаш.

И тоа не е сè. За да ве држиме понастрана од неволја, на прво место е нашата последна генерација ESP (Електронска програма за стабилност) и XDS. Тука е и Асистенцијата при ненадејно сопирање (EBA) и Системот против блокирање на тркалата (ABS). ESP системот ги контролира информациите од управувачот, тркалата, сопирачките и педалот за забрзување, при што прави корекции каде што е потребно. А пак ABS системот е тука да ги спречи вашите тркала од блокирање (или преголемо забрзување), без оглед на условите на патот. EBA системот обезбедува максимална моќ при сопирање при најмал допир на педалот.

Влезете со SEAT Ibiza во свиок и ќе ја почувствувате разликата што ја прави технологијата. Таа доаѓа во облик на XDS**, систем за контрола на тракцијата, којшто работи паралено со ESP. XDS системот дава повеќе контрола при кочење во свиок. Ако почне тркалото да пролизгува, XDS го спречува, овозможувајќи му на секое тркало доволно количество сила на притисок за да ја максимализира тракцијата и да ја подобри респонзивноста по свиоците. Тркалата можат да се вртат со различна брзина кога имаат потреба, задржувајќи ве на патот во динамичен стил.

Значи, кој рече дека убавината не трае?