ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
 

Немаме намера да кажеме дека не сте добар возач, но Ibiza ја поседува најновата технологија за да ги надополни вашите сетила.

Перфекција што се грижи за вас.

На пример, SEAT-овиот Динамичен систем за управување - функција што го приспособува управувањето потпомогнато од електричниот серво управувач на брзината на автомобилот и условите на патот. Обезбедува сигурност и точност на секој чекор.

Серво управувачот, којшто е чувствителен на бризина, го приспособува отпорот во зависност од брзината на движење, каде при мали брзини асистенцијата е значителна а при поголеми помала. Ова ви дава дополнителна помош при паркирање, но поцврст контакт кога сте во движење. Само за ваша информација: ние, исто така, вклучивме и ABS (Систем против блокирање на кочниците) од последната генерација, најновата ESP (Електронска програма за стабилност), како и TCS (Систем за контрола на тракцијата) – како дополнување при управувањето.

Само ставете ги раце на масивниот управувач, и веднаш ќе забележите дека имате лесен пристап до сите функции вградени во управувачот: со интегрираната Bluetooth конекција, којашто е всушност тука за да го контролирате едноставно аудио уредот или вашиот мобилен телефон, одвај помрднувајќи го прстот. Можете дури да правите повици со говорна команда и да бидете во целосна контрола врз сите команди во секое време. Сосема во право: "Хјустон, имаме контакт."

 

 

 

Зборувајќи за музиката - ви нудиме Радио / CD / MP3-плеер, 6 звучници и USB конектор, кој исто така ви овозможува да го поврзете вашиот омилен iPod ®.

Во ентериерот на Style и Sport верзиите, мултифункционалната инструмент табла е опремена со сосема нов екран, којшто го снабдува возачот со сите информации потребни за совршено контролирано возење.
Со патниот компјутер комуницирате само со притискање на едно копче. Тој ви дава информации за времето поминато на пат од стартување на моторот, просечната брзина, потрошувачката на гориво, изминатио пат и патот што треба да се помине со определена брзина пред повторно да го дополните резервоарот. Со него ќе ја знаете и надворешната температура. Ќе ви притреба ако некогаш сакате да излезете од вашиот автомобил - а ние целосно ќе ве разбереме доколку повеќе сакате да останете во него - и не знаете дали треба да го облечете палтото или не.

Клима уред или автоматски Климатроник значи дека ќе имате идеална температура за возење без оглед на она што се случува надвор. И ако повремено ви надoаѓа топлина под јаката додека ја возите вашата Ibiza – ќе се погрижи и за тоа исто така. Само бидете сигурни дека електричните стакла (сериски) се затворени, и слободно погледнете како изгледате во електричните ретровизори. За среќа, ние знаеме дека сите овие нешта ви значат.

Отсега би можеле да се сметате себеси за специјалист за осветлување – откако ќе прочитате за сите функции на светлата на Ibiza. Би сакале да дознаете уште еден трик? Нашите светла, исто така, имаат нешто што е познато како Функција доаѓање дома - дел од серискиот пакет за Style верзијата. Ова значи дека тие ќе останат вклучени уште 30 секунди откако ќе излезете од автомобилот, па така имате време да ги пронајдете вашите клучеви од влезната врата. Само за секој случај, ако не сте организирани како што сте вообичаено.