ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Лесно е да се забележи убавината, но исто така лесно да се гледа директно низ неа, освен ако има материја, нешто што ние го нарекуваме душа. Сепак, вистинскиот карактер има потреба од моќно срце со цел да блесне.

Во срцето на Ibiza ќе најдете мотори кои нудат доволно моќ за да поттикнат вистинска страст. И со можност за избор на карактеристики кои одговараат на секој вкус: од економичниот 1,2 бензински се до мускулестите моќни дизел мотори.

Без оглед на моторот кој ќе го изберете, сите тие нудат совршен вртежен момент и темпо кој и дава на Ibiza живост и емоции , покажувајќи го вистинскиот дух на SEAT, а како одговор на тоа добивате динамично возачко искуство во секое време. Врската ќе ја почувствувате веднаш штом со ногата ќе ја допрете педалата за забрзување.

На располагање ви е избор од седум бензински мотори. Ако преферирате дизел, избор е исто така изборот е голем се до моќниот 1.9 TDI со 105 КС и DPF, дизел филтер за отстранување на цврсти честички, редукцирајќи ја емисијата и заштедувајќи гориво. Еколошки одговорен дизел мотор? Со емисија на CO2 под 120 g/km не можеме да размислуваме поинаку. Всушност, сите наши бензински мотори, исто така, испуштаат помалку од 160g CO2/km. Повеќе емоции, помалку штетни имисии на гасови - и тоа е ветување.

Пречки? Да зборуваме за можностите за уживање наместо тоа.

Бензински мотори:


 



Дизел мотори: