ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Кога го дизајниравме моделот/автомобилот ги баравме совршениот облик и форма. Каков е резултатот? Естетско ремек-дело. Уникатна комбинација на убавина и технологија едноставно споени од SEAT. Воодушевувачки одвнатре и однадвор.

Од надвор ќе бидете погодени од нејзиниот прекрасен изглед. Следете ги линиите кои започнуваат од новите предни светла кои се провлекиваат преку крилата. За прв пат ќе согледате дека на автомобилот не е направен компромис врз оигиналнита идеа на дизајнерот - овој автомобил е обликуван како стрела. Чиста динамика. Чист став. Силна индивидуалност.

И тоа не е се, само погледнете ги детаљите – хромираната предна решетка, биксенонските предни светла со адаптивен систем (AFS ), 17’’ алуминиумски фелни или новиот електричен сончев покрив. Совршена убавина.

Одвнатре ќе видите повеќе простор од досегашниот, што може совршено да се прилагоди на вашите лични потреби, вклучувајќи ги сите седишта и потпирачи за глава и раце. Се разбира, возачот има целосна контрола на управувачот, што може да го приспособи по висина и длабочина.

Организацијата на внатрешниот простор овозможува автомобилот да биде среден и чист. Па така, има мрежичка во преградата и торбичка во задниот дел од предните седишта, можете дури да одберете и фиоки под предните седишта. Има 3 држачи за чаши и 12 V приклучувач доколку ви е дополнително потребен. Веќе ви спомнавме дека додатно можете да нарачате преграда за ракавици, што е идеална за чадор или мантил за дожд.

Добредојдовте. Ова е нашата визија за совршенство.