ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 

Новата Ibiza FR е подготвена кога станува збор за нејзините иозвонредни карактеристики: ненадминлив дизајн, безбедност и вроден спортски карактер, е збир на сè што овој автомобил го прави посебен. Погледнете, а потоа прочитајте ги деталите.

Ќе знаете на што мислиме.



Елегантните детали во дизајнот на новата Ibiza FR вклучуваат редизајнирани одбојници со црна предна маска со структура на пчелино саќе и хромирана рамка, давајќи му на автомобилот поагресивен изглед. Во комбинација со концептот на дизајнот во форма на стрела и елементи на FR, како што се ретровизирите во сребрена боја, впечатливите 17” фелни од лесна легура, двојната хромирана издувна цевка како и непогрешливото FR лого на вратата на багажникот. Овој мал детаљ е направен за да ве заведе и вас и секој оној што ќе го фрли погледот на неа.

 

Ќе направиме еден брз преглед на списокот од вклучените безбедносни системи што се во сериска опрема, и по ова ќе немате дополнителни прашања: XDS систем од последната генерација што функционира во совршен баланс со ESP (Електронска програма за стабилност), којашто функционира како самоблокирачки механизам во свиоци, подобрувајќи ги перформансите на автомобилот кога ќе го загуби контактот со патот. Се разбира, ABS (Систем против блокирање на тркала) и TCS (Систем за контрола на тракција), со EBA (Асистенција при нагло сопирање) и индикатор за низок притисок во пневматиците, доаѓаат сериски. Додека возачкото и совозачкото воздушно перниче како и страничните перничиња за граден кош и глава и светлата за магла со функција на вклучување во свиоци, совршено ја заокружуваат групата на безбедносни системи.

 

Седнете во ергономски профилираните тркачки седишта и почувствувајте ја неверојатната поддршка на вашиот грб, врат и раменици. Потоа ставете ги вашите прсти околу управувачот со три крака, обложен со кожа сошиена со црвен конец и зграбете го елегантниот кожен менувач: сето ова направено за да ги пресретне вашите високи очекувања на атлетски комфор. Секако, можете да сметате на помошта при тргнување на нагорнина, климатроникот, темпоматот и патниот компјутер. Додека радио CD уредот си MP3 и 6 моќни звучници и Aux-in приклучокот се задолжени за неминовниот звук додека возите.