ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 

Толпата се стивна и го задржа здивот. Ветрот запре. Сообраќајот се раздвои и се поклони. Влегува новиот херој во арената: Неговиот нападен, а истовремено привлечен изглед, предизвика забрзано дишење и зацрвенети лица. Неговиот излиен оклоп блеска под сончевата светлина. Секој мускул е затегнат. Суровата сила, подготвена за напад. Ibiza CUPRA е најбрзиот и најмоќниот член во посакауваната колекција на Ibiza, и неговите вртоглави 180 кс на 1.4 TSI мотор со двоен-полнач, го прави автомобил за оние што не се засолнуваат од сончевата светлина.

Влезете во спортските седишта на CUPRA, стартувајте го моторот, и слушнете го неговиот застрашувачки рик: време е за оброк, а овој грабливец е гладен за пат. Сега притиснете го педалот за забрзување и почувствувајте ја силата на гравитација како го обзема вашето тело. Потоа допрете ги DSG контролните педали, и доживејте како изгледа кога се менува од седмиот во петтиот степен на пренос без да го отпуштите управувачот. И натерајте ги 17” фелни од лесна легура да сопрат веднаш при притискање на спорските кочници на SEAT. Оваа машина ја комбинира чистата моќ, комплетна контрола и ненадминлива убавина.

 

Во меѓувреме, опремена е со технички најразвиените безбедносни елементи – вклучувајќи странични воздушни перничиња за граден кош и глава, Електронска асистенција при сопирање (EBA), и XDS, новиот самоблокирачки диференцијал, нова фунцкија вклучена во нашата Електронска програма за стабилност (ESP).
Сепак – безбедноста и моќта одат заедно.

А дали напоменавме дека после борбата изгледа неуморно, само тенок слој од прашина го покрива ветробранското стакло?

После борбата или пред борбата: Секогаш подготвена за борба.