ДОМА ЗА НАС SEAT-гени НОВОСТИ КОНТАКТ СЕРВИС
ALTEA Freetrack
ALTEA Freetrack
  старт  
  Галерија
  360 поглед
  карактеристики  
  мотори  
  модели
  избор
  дополнителна опрема
  downloads
  ценовник  
IBIZA
CORDOBA
LEON
ALTEA
ALTEA XL
ALTEA FREETRACK 4
TOLEDO
ALHAMBRA
Contact

 

 

Превземи иницијатива
Зграби го духот на отворениот простор – Одбери еден од двата стилизирани модела кои се достапни, две одлични можности, исто величенствено возење.

Altea Freetrack Погон на 4 тркала - 4WD

Моќната 4WD верзија на Altea Freetrack ви гарантира меко возење, без разлика дали сте на автопат или на било кој вид на пат. Своите можности за погон на четири тркала имајќи најголем вртежен момент овозможуваат стабилно ракување дури и на најнепредвидливите површини, создавајќи лесна работа на несигурен терен. Што се однесува до удобноста, поседува спортски седишта, кукачки со  мрежа што го одвојуваат двојното дно во багажниот простор, дво-зонски климатроник, радио/CD/MP3 со 8 звучници, влез за приклучување на надворешни уреди со контролни копчиња на управувачот и уреди за разонода на задните седишта, сето ова како стандардна опрема и греење на предни седишта, GDL Биксенон светла и темно-зелени нијансирани прозорци се некои од опциите кои можете да ги додадете. Цврст, издржлив и подготвен за предизвици. Сила, влечна моќ и удобност долж целиот автомобил.

Altea Freetrack 2WD

Најновиот модел на SEAT , Altea Freetrack ќе ја задоволи вашата жед за авантура и возбуда. Ви нуди моќ и разновидност во возењето на сите патишта задржувајќи го својот елегантен стил и изглед. Високото возење, зголемениот преден дел и задните браници, моќна влечна сила, како и 17 инчни алуминиумски наплатки со можност за сензор за притисок на гумите со ESP*, EBA & DSR дополнително и даваат на Altea freetrack сериозни карактеристики на возило за сите патишта, додека задните сензори за паркинг се стандардни и сигурно ви е олеснето градското паркирање.  Altea Freetrack ви нуди можности за складирање со завеса за одделување на вашиот багаж од вас како стандард, и кутија за складирање со мрежа за товар со кукачки во багажникот како опција. Altea Freetrack – перфектна комбинација на off-road мајсторството и градска функционалност.

Да не ја заборавиме целосната листа на додатоците и деталите што и дава предност пред другите возила; прикриена фиока за наочари за сонце, хромиран издув за гаови, воздушни перничиња, загреана вода за чистење со чистач за предните фарови и прикладни држачи за чаши се само дел од карактеристиките што доаѓаат како стандард со овој ѕвер, додека останатите како TomTom GPS системот, електричниот сончев кров и замаглените прозорци се дел од достапните дополнителни опции.
 

*Опционално во 2WDверзијата
За понатамошни информации посетете ја локалната интернет страница на SEAT