ДОМА ЗА НАС SEAT-гени НОВОСТИ КОНТАКТ СЕРВИС
ALTEA Freetrack
ALTEA Freetrack
  старт  
  Галерија
  360 поглед
  карактеристики  
  мотори  
  модели  
  избор
  дополнителна опрема
  downloads
  ценовник  
IBIZA
CORDOBA
LEON
ALTEA
ALTEA XL
ALTEA FREETRACK 4
TOLEDO
ALHAMBRA
Contact

 

 

   
 

Неверојатно цврста и совршено моделирана, Altea Freetrack има агилна, мазна дотерана надворешност, изглед кој опфаќа се што значи овој автомобил – дива авантура со шик намена. Високо позиционирано седење, 17 инчни алуминиумски наплатки, странични проширувања над тркалата и подигната шасија, заедно со заоблен, импозантен дизајн му даваат на ова чудовиште грациозен истовремено моќен белег.

Altea Freetrack има многу простор за главата на возачот, и на само таму, туку и за лактовите, колената, нозете.. На задното седиште со спуштениот потпирач, масичката и држачите за чаши, како да се наоѓате во авионска кабина. Со сите овие задоволства гарантиран ви е висок степен на удобност без разлика дали возите во град или на терен. 

Главната црта на AF е пространата удобност. Голем простор со повеќе опции во предната и задната конзола, под предните седишта, дури и на покривниот дел, дополнително во багажниот дел има кукачки, мрежички и двоен под, за да вашите работи бидат на место и да овозможат повеќе простор*. Но, не е само до тоа дали има доволно простор, туку до тоа како се употребува просторот, и ова бебенце го употребува прекрасно. Ако треба да искомбинирате деца и товар. Без проблем...само поместете едно од задните седишта, или две од задните седишта, или пак сите три одеднаш, и така постојат комплетно прилагодлив заден грбен дел (во случај да им треба одмор), сето ова достигнува импресивни 532 литри простор. *

*Опција кај 2WD верзијата