| |

Altea Freetrack доаѓа со низа импресивни карактеристики кои ви нудат комфор во секоја околина. Двозонскиот автоматски уред (климатроник) е стандарден, така што Вие и вашите патници може да ја одберете температурата која ви одговара. Кожениот управувач е секако стандарден, како и контролата на радио/CD/MP3 системот што вклучува 8 звучници и помошен влез/излез. Иако возачот не може да ужива во забавниот дел од ова возило, останатите патници можат да се забавуваат , во верзијата со погон на 4 тркала, 4WD, во кровниот дел се вметнати кутии, што се отвораат надолу, за чување на очила и други додатни предмети, 7 инчниот екран со RCA поврзување, што го чини компатибилен со iPod®, ДВД и конекции за видео конзоли.

Кога имате итна потреба да избегате, можете да сметате на опционалниот Динамичен навигационен систем, што е целосно обновлив и доаѓа со Bluetooth врска, така што каде и да сте, можете да бидете сигурни дека не сте се изгубиле.
Со сигурност ве одржува еден чекор напред, со информации во реално време, имено, каде и да сте се изгубиле, системот повторно ќе ве усмери, со едно притискање на копче.
И кога ќе пристигнете на вашата дестинација, задните паркинг сензори се стандардни на двете верзии, 2WD и 4WD на вашата Altea Freetrack. Со Altea Freetrack загарантирани ви се комфорот и функционалноста во која и да сте околина или пригода.

*
Опционално со 2WD верзијата
За понатамошни информации посетете ја локалната интернет страница на SEAT |
|
|