ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Вие знаете кој сте. Вашата работа ве воодушевува и ви дава eлан. Нештата ги подигнавте на повисоко ниво. Имате семејство што ве исполнува, создадовте своја компанија, патувате во земји што што отсекогаш сте сакале да ги посетите. И секој чекор што го правите ве доближува до целта: совршен баланс меѓу работата и рафинираната рекреација. Истовремено, секој чекор што ќе го направите ви ги отвора очите за уште пошироки хоризонти. Гледате, ние тоа го нарекуваме "надминување".

Со SEAT Exeo ST – ST означува Спортски Караван – ние го направивме баш тоа – ви нудиме автомобил што ќе ги исполни потребите на вашиот активен животен стил и секојдневните цели, со неуморна софистицираност. Истовремено, тој е вистински SEAT во срцето, SEAT Exeo ST е уште еден чекор во новата насока по којашто се движиме со претставувањето на SEAT Exeo лимузината – и е нешто што ќe ни овозможи да погледнеме потаму од сето она што досега можевме да го видиме. Овој елегантен караван ги соединува карактеристичниот дух на SEAT со врвен квалитет, врвна технологија, извонредна динамика, суптилен спортски карактер и добро испланираниот простор за умна рамнотежа меѓу работата и рекреацијата, во еден исклучителен автомобил.

Ви го претставуваме SEAT Exeo ST: повеќе од превозно средство што ве носи до работното место.

 

Delevoped by Nextsense