ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
 

SEAT EXEO ST не е нешто што го имаме направено досега: тоа е нашиот најсвеж израз на "auto emoción" и е темел во нашиот напредок кон повисоко ниво на квалитет, дизајн и перформанси, адаптирани за модерниот животен стил на нашите возачи. Смелата мешавина на најфини материјали, најнова технологија и интелигентен дизајн ја карактеризира динамиката што ја поседува и го прави овој автомобил едноставно совршен за сè она што сакате да го вметнете во вашиот ден

Плус сè она што сакате да го вметнете во багажникот, да бидеме конкретни..

 
 

.

 
 

SEAT EXEO ST ви овозможува простор, создавајќи рамнотежа меѓу работата и рекреацијата во ваш стил. Дизајнот на задниот дел на овој совршен караван ви обезбедува доволно простор за сè што ќе предвидите во вашиот планер. Екстериерот е динамичен исто како и вие: дефиниран од елегантните линии што течат и како да предлагаат движење, тој е предодреден за љубопитни погледи каде и да ве одведе денот. Зголемениот сооднос помеѓу стаклената површина и каросеријата му дава на автомобилот неоспорен урбан стил – сето тоа истакнато од стаклата со дополнително затемнување, како и опционалните 16", 17" и 18" фелни од лесна легура. Боите на екстериерот и ентериерот и изборот на материјалите се компатибилни со изгледот на новата лига во која влеговме со дизајнот на овој автомобил: рафинираните бои на екстериерот, врвниот квалитет на материјалите и кожата на седиштата, софистицираната изработка на покривот и облогите на вратите, како и опционалните дрвени детали на инструмент таблата, го претвораат вашето време за возење во квалитетно употребено време. Дали напоменавме дека управувачот и менувачот обложени со кожа и спортските седишта се сериски во Style и Sport верзиите? Со SEAT EXEO ST, пристигнувањето до следниот состанок е нешто во што ќе уживате.
 

Кога зборуваме за SEAT EXEO ST, мислиме на употребена најнова технологија што ви ги олеснува нештата, овозможувајќи ви да уживате во возењето на најудобен начин. Опционалниот сензор за дожд ги активира бришачите при детекција на капки и го регулира интервалот на бришачите во зависност од интензитетот на дождот. Опционалниот анти-рефлексен внатрешен ретровизор се затемнува веднаш штом ќе забележи сноп светлина од возилото зад вас. Но тука се и опционалните задни и предни сензори за паркирање. Плус – доколку одберете предни седишта со електрично придвижување – следува и самоприспособување на совозачкиот ретровизор при возење наназад, правејќи ја ориентацијата подобра и штитејќи ги вашите фелни од гребнатинки. Сега, што би кажале за опционалниот електричен сончев покрив со интегрирани соларни ќелии што ја одржуваат совршената температура во кабината лете, или пак за ветробранското стакло отпорно на топлина што ја намалува температурата на ентериерот за 10ºC? Тука е и опционалниот сензор за квалитет на водухот што ги затвора вентилите за внесување воздух во кабината доколку детектира зголемено ниво на оксиди? Да го кажеме уште ова: земајќи предвид дека ситниците ги исфрливме од списокот – време е да продолжите со забавниот дел од денот.

 

 

 

.

Имплементираната интелигентна технологија што ги поврзува забавата и информирањето ќе нарави SEAT Exeo ST да не биде само превозно средство од точка А до точка Б, туку ќе ви овозможи и да запеете по пат. Сите верзии се опремени со Рaдио CD со MP3, 4 звучници и Aux-in. Ако ви се допаѓа, можете да го зголемите бројот на звучници на 8, што е сериски во Style и Sport верзиите. Би сакале да направите индивидуален аудио систем? И ние исто. Зошто да не одберете BOSE® аудио систем со врвен квалитет? Тој е опција за SEAT Exeo ST во Style и Sport верзиите. Монохроматскиот матричен екран е сериски во сите верзии,но може опционално да биде во боја. Имате избор и за Радио-навигационен уред (RNS) вклучувајќи 6.5" екран во боја, патна карта, можност за користење на DVD медиум за планирање на дестинацијата со MMI логична контрола, два читачи на SD мемориски картички за вашите MP3 фајлови. Опционална Bluetooth® конекција за телефон, безжична подготовка и USB или iPod® конектори коишто сигурно ќе ве заинтересираат. А како ви се допаѓа управувачот да има интегрирани контроли – сериски во Style и Sport верзиите. Задржувајќи ги вашите прсти врз пулсот на нешто што досега никогаш не било поедноставно.

Безбедноста е на самиот врв од нашиот список – според тоа, ова е и добра причина зошто да се одбере SEAT Exeo ST: неговиот ESP (Електронска програма за стабилност) ги прима информациите од управувачот, тркалата, кочниците и педалот за забрзување, правејќи приспособувања ако е тоа потребно. Нeговиoт ABS (Систем против блокирање на тркала) не дозволува вашите тркала да се блокираат или пак да пролизгаат. А Системот за помош при ненадејно сопирање (EBA) го регистрира ненадејното сопирање и одговара со зголемување на силата на сопирање во милисекунди. Сиот овој пакет е сериски во сите верзии. Ова е добро да се знае, нели? Во делот на пасивна безбедност, SEAT Exeo ST е опремен со 6 воздушни перничиња како серија во сите верзии – заштитувајќи ги возачот и сопатниците. Всушност, направете ги 7: ако специфицирате и странични воздушни перничиња на задните седишта добивате потполна заштита и на задните седишта. Понатаму, постои и сигнализација за безбедносниот ремен на возачот, како и ISOFIX контакт и Top-teather ремени за прицврстување на детско седиште. Да не го заборавиме индикаторот за притисок во пневматиците, којшто е сериски во Style и Sport верзиите. Како што гледате, безбедноста е на врвот од нашиот список..