ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Погледнете го со внимание SEAT Exeo ST. Веднаш ќе ви биде јасно дека овој автомобил создава нова категорија во SEAT гамата, а истовремено ја сочувува суштината на карактерот на нашиот бренд.

Екстериер со спортски, флуидни форми, мазни облини, истакнати крила и интелигентно дизајниран заден дел што го нагласува динамичниот изглед на автомобилот и го пресликува вашиот динамичен карактер. Масивната предна маска – карактеристичен елемент на SEAT Exeo гамата – и извонредната пропорција меѓу стаклото и каросеријата оддаваат крајно модерно чувство. Можеме ли да ви резервираме термин за тест возење уште отсега?

Веднаш штом ќе влезете во пространиот и ергономски дизајнираниот ентериер, се наметнува потврдата за елегантна перфекција. Инструмент таблата се провлекува кон облогите на вратите, а внимателно одбраните материјали на инструмент таблата, текстилот на ентериериот, столбовите и покривот, се во совршена хармонија со широкиот избор на бои на каросеријата, создавајќи идеален амбиент за возење.

Двозонскиот климатроник нуди идеална температура за вас и вашите сопатници и доaѓа стандардно во сите модели, додека опционалниот темпомат ја одржува идеалната брзина при возењето, а патниот компјутер го пресметува времето на пристигнување. Идеално за нежни движења помеѓу состаноците, ручекот и вечерата. Опциите вклучуваат технологија на соларни ќелии интегрирани во сончевиот покрив за да ја одржува температурата во кабината, возачко седиште со придвижување во пет насоки и меморирање на четири седечки позиции, како и впечатливи 18" фелни од лесна легура. Овој автомобил се движи со темпо по ваш избор.

И тоа секогаш ќе биде чекор понапред од останатите.