ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
 

Дозволете ни да ви претставиме некои од дополнителните елементи од високата технологија на SEAT Exeo. Создаден да го направи вашето доживување при возење посебно – од првата до последната минута.


Дизајниран да го почувствувате секое патување.
 

Со надградба на вашите светла со Bi-xenon предни светла со AFS (Адаптивен систем на предни светла), овозможено ви е уште поширко видно поле и фокусирање со висока прецизност. Овие светла ја следат насоката на движење на управувачот. Дали напоменавме дека прскалките на предните светла се со грејачи што овозможуваат најчист можен светлосен сноп? Нека биде светлина каде што ви е најпотребно.

Опционалните сензори за дожд ги вклучуваат бришачите на ветробранското стакло при детекција на влага, па дури и го адаптираат интервалот на бришење во зависност од интензитет на дождот. Нешто што според нашето мислење е компатибилно со опционалниот внатрешен ретровизор со сензор против заслепување: го затемнува веднаш штом ќе детектира светлосен сноп од автомобилот зад вашето SEAT Exeo и спречува да бидете заслепени. Тука е и сензорот за автоматско активирање на предните и задните светла во тунел, дури и на дневна светлина. Тој доаѓа стандарден во Style верзијата, а е опционален во Reference и Sport верзиите. Убаво е кога од некои работи рацете ќе ви бидат слободни, нели?

 

 
 

Заден паркинг сензор, и ако одберете електрични предни седишта – или функција на приспособување на совозачкиот надворешен ретровизор, којшто автоматски се приспособува кога ќе ја активирате брзината за возење наназад, подобрувајќи ја видливоста при паркирање. Овие напредни функции се опционални. Имате и опција да одберете и предни паркинг сензори што ќе ја одржуваат беспрекорната состојба на вашите фелни од лесна легура. Во комбинација со Servotronic уредот за управување со кој вашите маневри при паркирање ќе бидат едноставни и без напор – правејќи го почетокот и крајот на вашето патување среќен.

Уште една софистицирана функција е системот предни светла “Доаѓање дома” – едноставно ремек дело на светлечката технологија, што подразбира дека предните светла на вашиот автомобил остануваат вклучени уште 30 секунди откога ке излезете од него, осветлувајќи го патот пред вас и давајќи ви доволно време да ги пронајдете клучевите и влезете безбедно дома.