ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

 

Безбедносните карактеристики на новиот SEAT Exeo го прават еден од најбезбедните автомобили на пазарот за вас и вашите сопатници. Повеќето од нашите врвни елементи за заштита се стандардни во сите три верзии, поврзани едни со други како прецизен часовник. Прочитајте понатаму за најнапредната технологија за активна и пасивна безбедност, на светот.

Новиот SEAT Exeo: Еден чекор напред во ваше име.

Започнувајќи со системите за активна безбедност, ESP (Електронска програма за стабилност)која ги следи информациите од управувачот, тркалата, сопирачките и педалата за забрзување, со што прави корекции кога е потребно за да ве задржи во совршениот лак. Во меѓувреме, ABS (Систем против блокирање на сопирачките) го спречува блокирањето на тркалата при сопирање, без оглед на условите на патот. Плус нашиот систем асистенција при ненадејно сопирање (EBA) го детектира 'ненадејното запирање' и одговара со примена на максимална моќ за сопирање во милисекунди – скратувајќи го патот на запирање и намалувајќи ја веројатноста од несреќи. Целиот пакет доаѓа стандарден во сите верзии. Ќе се сложите со нас, добро да се знае сето ова?

 

 

 
 

Новиот SEAT Exeo е опремен со 6 воздушни перничиња стандардни во сите верзии, за заштита на возачот и неговите сопатници: 2 предни воздушни перничиња, кои се отвораат во две фази, во зависност од сериозноста на судирот, 2 странични напред и 2 воздушни завеси за заштита на главата. Всушност, направете ги и 7. Можеби ќе посакате да ја проверите вашата локална понуда за воздушно перниче за заштита на колената на возачот. Одберете ги опционалните странични воздушни перничиња за целосна заштита на задните седишта.

Дополнителните стандардни безбедносни карактеристики вклучуваат предни наслони за глава со WOKS систем, кои ја намалуваат веројатноста за повреди на вратот, како и предупредување за сигурносен ремен за возачот и ISOFIX и ТоpTether контакти за прицврстување на детските седишта. Плус предупредување за низок притисок на пневматиците, стандардно во Style и Sport верзиите.