ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
 

Елегантниот дизајн, употребата на материјали со врвен квалитет и технологијата имплементирана во SEAT Exeo го изразуваат предводничкиот дух што лежи во неговата срж: спортска ексклузивност. Од суптилните заоблувања и префинетиот избор на бои на екстериерот – сето ова е природно за новиот SEAT Exeo.

Овој автомобил вдишува стил без напор.

Екстериерот на SEAT Exeo е дефиниран од мазните линии и динамичните заоблувања, ненаметливо истакнувајќи ја динамиката на автомобилот. Зголемената пропорција на стаклената површина од каросеријата на автомобилот оддава созреано и урбано чувство: нешто што го потврдуваме со опционалните 16”,17” и 18” фелни од лесна легура.

 
 

Погледнете го SEAT Exeo од предната страна и неговата голема препознатлива предна маска и опционалните Bi-xenon предни светла ќе ве маѓепсаат. Задниот дел е идентично зебележлив со интелигентните задни светла, заден одбојник што се претопува со каросеријата и елегантното заоблување што се провлекува врз поклопецот на багажникот. Направете чекор поблизу и ќе ги забележите страничните лајсни, надворешните ретровизори и рачките на вратите. Сите се совпаѓаат со бојата на каросеријата. Ништо нема да се попречи помеѓу вас и SEAT Exeo и неговиот елегантен изглед.

Изборот на бои на екстериерот и ентериерот и видот на материјали кај SEAT Exeo се само знак на новата категорија во која влеговме при дизајнирањето на овој автомобил: од рафинираните бои на каросеријата, до врвниот квалитет на кожата и текстилот на ентериерот. Од софистицираната изработка на облогите на вратите и покривот, до ексклузивните детали изработени од дрво на инструмент таблата. Од управувачот пресвлечен со кожа – стандард во Style и Sport верзиите –, па сè до спортските седишта. Која е вашата замисла за софистицираност?