ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
 

Широкиот опсег на имплементираната висока технологија во SEAT Exeo дава можност секое патување да биде незаборавно. Можеби и нема да забележите дека се таму. Што се однесува на нас, сето тоа е во ред. Ние веруваме дека категоријата и дискрецијата одат заедно.

Сè што треба да направите е да уживате.

Одберете го Servotronic управувачкиот систем за вашиот нов SEAT SEAT Exeo за лесна и директна реакција на управувачот при мали и големи брзини: при мали брзини, на пример при паркирање, управувачот побарува минимален напор, додека возачот чувствува директна врска со патот при големи брзини – создадено за поспортско возачко искуство. Функција достапна на врвовите од вашите прсти.

SEAT Exeo е опционално опремен со затемнети стакла за зголемување на возвишениот изглед, како и на вашето чувство за приватност. Ви нудиме и опционално атермичко, инфрацрвено ветробранско стакло што го штити автомобилот од топлина и двојно ламинирани странични стакла што ја редуцираат вревата и ја зголемуваат безбедноста против обивање. Одберете ја Style верзијата и во неа ќе најдете акустично ветробранско стакло со зелена лента против заслепување во горниот дел – претворајќи ви го секое возење во спокојство. Во меѓувреме, опционалниот соларен електричен сончев покрив, во кој е имплементирана соларна технологија, служи да одржи совршена свежина во лето. Тој акумулира до 38V што служат да се надополни акумулаторот на автомобилот.

Двозонскиот климатроник е достапен како стандард во сите верзии, и доаѓа со опционален сензор за квалитет на воздухот: тој гарантира совршена температура при возење за вас и за ваште патници – и ги затвора надворешните отвори за вентилација на автомобилот кога нивото на оксиди во воздухот ќе се зголеми. Потоа ја активира внатрешната рециркулација на воздух – сè додека квалитетот на воздухот надвор не е соодветен за вдишување. Автомобил полн со обѕири.



 
 

За почеток, сите три верзии на новиот SEAT Exeo вклучуваат патен компјутер, Радио CD со MP3, 4 звучници и Aux-in, додека квалитетниот прием е загарантиран со антената интегрирана во задното стакло. Потоа тука е и монохроматскиот матричен екран што исто така е стандарден во сите верзии, а може да се добие и во боја. Вие исто така можете да нарачате Радио уред со навигација што поседува 6,5” екран во боја, DVD планер за патување со MMI контрола, два читачи на SD мемориски картички за MP3 и гласовна контрола. Плус, аудио систем со моќ од 150W и 8 звучници. Останува да се напомене опционалната Bluetooth конекција за телефон и hands-free подготовката како и USB или iPod® конекторите. Плус, управувач со интегрирани контроли. Одлукате е ваша.

Уште еден елемент достапен опционално во сите верзии на SЕAT Exeo се грејачите на предните седишта и прскалките на предните светла со грејачи. Одберете Style или Sport верзија и ќе имате можност електрично да ги приспособите предните седишта, а пак возачкото поседува меморија за четири седечки позиции - како и преклопливи надворешни ретровизори со меморија. Останува уште да напоменеме дека електричните надворешни ретровизори се стандардни во сите верзии – а и задоволни сме што можеме да понудиме опционален ладилник во предната преграда и завеса на задното стакло достапна во Style и Sport верзиите. Со уживање ги очекуваме вашите потреби со шолја чај.