ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ

Погледнете го набрзина новиот SEAT EXEO, веднаш ќе забележите дека е овој автомобил создаден да биде темел на новата лига, а истовремено ја сочувува суштината на вистинскиот SEAT.

Екстериерот го изразува заштитниот лик на SEAT, со спортски и префинет облик, нежни заоблувања и истакнати крила што го потенцираат атлетскиот изглед на автомобилот. Предната маска кај овој модел е поголема од кој било друг досега, додека пропорционалната стаклена површина со каросеријата на автомобилот оддава неодолива динамика, модерно чувство. Дали би сакале да направите пробно возење?

Веднаш штом ќе ја почувствувате врвната ергономија на ентериерот, потврдата за совршенство е очигледна. Контролната табла се провлекува преку облогите на вратите, а внимателно избраните материјали на таблата, облогите, текстилот, столбовите и покривот, одговараат извонредно меѓу себе, како и со широката палета бои на каросеријата, создавајќи извонреден амбиент за возење.

Двозонскиот климатроник, стандарден во сите нивоа на опрема, овозможува совршена температура за време на возењето за вас и вашите сопатници, додека темпоматот континуирано ја одржува вашата брзина, а патниот компјутер го пресметува вистинскиот момент за pit-stop. Опциите вклучуваат и технологија на соларни ќелии, интегрирани во сончевиот покрив, за одржување на температурата на кабината, возачко седиште со пет насоки на движење и меморија за четири седечки позиции и извонредните 18” фелни од лесна легура. Овој автомобил е чекор понапред од другите, а не прави многу врева околу тоа.

Тоа се нарекува класа.