ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
СТАРТ

Стил, според името и природата не е само начин на којшто се облекувате – тоа е начин на кој ги одбирате нештата. Новата SEAT Altea XL го има ова предвид и продолжува понатаму. Тука е и новиот преден одбојник, новата хромирана маска, елегантниот заден дел и одлично вклопените задни светла, затемнети стакла и надворешени електрични ретровизори со греење и паркинг позиција.

Од причина што сакавме да се чувствувате најдобро, SEAT Altea XL Style е опремена со нова рачка на менувачот и трикрак мултифункционален кожен управувач, во кој се вградени и рачки за менување на степен на пренос со DSG (освен кај TDI 105КЅ). Тој е опремен и со нов двозонски Климатроник, комбинирани USB конектор и Aux in (CUP) и ново радио CD MP3 со 6 звучници. Но тука се и некои детали што го потврдуваат името Style – како што се 16” алуминиумски фелни Enea, како и пријатната за очи инструмент табла со белo осветлување и нови предни светла, седишта со висинско и лумбално приспособување, темпомат и ново ротационо копче. Функцијата “Доаѓање дома”, ги остава светлата вклучени онолку време колку што ви е потребно за да излезете од автомобилот, да ги пронајдете клучевите и да влезете дома. Елегантно.

Некои од стандардните елементи во новата Altea Style вклучуваат нов преден одбојник во боја на каросеријата со интегрирани лајсни, нова хромирана маска, редизјниран заден дел со нови светла и ново, пошироко ветробранско стакло, затемнети стакла, нови рачки на вратите како и ретровизори со греење кои електронски се склопуваат при паркирање, во боја на каросеријата. Во неа вграден е и патен компјутер со автономија и темпомат. Плус нови, пресвлечени со кожа рачка на менувач и трокрак управувач со интегрирани контроли за менување на степен на пренос со DSG менувачот (освен во 1.9TDI 105кс).

Altea Style е опремена со 16” Enea алуминиумски фелни, дво-зонски климатроник, магленки со функиција на следење на свиоци до новите комбинирани USB/Aux-in Конектори (CUP): Кои ви овозможуваат потполна контрола на на вашите MP3-записи на вашиот USB уред или iPod® преку мултифункционалниот управувач.

Заслужува пат само за себе.

Бензински мотори:




Дизел мотори: