ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
СТАРТ
 

Повеќе простор, поелегантни линии, изобилство на позиции за седење, возни карактеристики што воодушевуваат, зголемена безбедност и сета контрола што ви е потребна е на допир на вашите прсти. Altea XL е автомобил потполно приспособен на нештата што ве опкружуваат - а сепак, нештата што ве опкружуваат се потребите на вашето семејство.

Секако, тоа е умно.

 
     
 

ALTEA XL се здоби со повеќе промени, нови светла, промени во каросеријата и доволно опции на бои и тркала за да се исполнат сечии барања. Altea XL е 18.7 cм подолга од Altea, што значи дека поседува капацитет на багажниот простор од 532 литри. И поради изобилството на позиции за седење, имате доволно простор за децата, багажот и сè останато што ќе понесете со вас за викенд.

Во предните седишта се поставени полици што се склопуваат во стилот на авионските масички. Исто така се приспособува и аголот на задните седишта, што ќе им дозволи на децата да одморат по напорниот ден поминат во игра.

Да има едни од најдобрите карактеристики за возни својства не е случајност. Тие се разултат на совршената рамнотежа меѓу димензиите, пропорцијата на тркалата и чистата технологија. Водечки елемент е мулти-линк задната оска којашто е конструирана со она што ние го нарекуваме Aгилна шасија. Во суштина, создадена е рамнотежа меѓу високата цврстина и врвното подесување, претворајќи ги управувачот, сопирачките и менувачот во единствена респонзивна единица што е предодредена да го прави она што вие ќе го побарате. Останатите елементи што го прават управувањето на Altea XL вистинско задоволство се елементите како Системот против блокирање на тркалата (ABS) како и електромеханичкиот серво управувач, којшто го контролира отпорот при управање зависно од брзината, со што ви дава максимална контрола во секое време. Altea XL е подготвена со Електронска програма за стабилност (ESP), која веднаш ќе го коригиrа вртењето ако тркалото го загуби контактот. Безбедност и стабилност, работат заемно.

Дизајнирајќи ја новата Altea XL се обидовме да ги предвидиме вашите потреби. Кога првите капки дожд ќе паднат на ветробранското стакло, бришачите знаат дека е време да почнат да работат. Кога се паркирате, ја имате опцијата Контрола на растојанието при паркирање (PDC), со сензори поставени напред и назад на одбојникот, што емитуваат звучен сигнал во случај да се приближите малку повеќе до возилото до вас. А доколку сакате сателитска навигација, ја имате можноста да додадете Оптички систем за паркирање, којшто ви дава визуелна претстава прикажана на мултифункционалниот екран, ако за ориентација го користите SEAT Mедиа системот. Останатите ситници што ќе го направат управувањето покоудобно вклучуваат опционално Помош при тргнување на нагорнина, што ќе го спречи автомобилот да се придвижи кога ќе го ослободите кумплунгот, а темпоматот е стандарден во Style и Sport моделите. Сè е направено за да уживате во возењето.

 

 
 

Видено, но не и слушнато, новата Altea XL поседува елементи што ќе ве направат спокоен, а некои од нив се наоѓаат под капакот на моторот. Со гама моќни и ефикасни дизел мотори, постои верзија за секого. Како пример, сега Altea XL е достапна со опционален 4WD – во 1.9TDI 105ks/77kw. Доколку сакате моторот да поседува инстантна моќ, тука е TSI (Систем на директно вбризгување со турбо полнач), предвиден за 1.8 160KS, со шестстепен менувач. Истиот е достапен и со 7 степен Менувач со директна промена (DSG), со рачки за менување поставени на управувачот, DSG овозможува менување на степен на пренос за миг. DSG е достапен и со шестстепен 2.0 TDI 140KS и 1.6TDI CR 105KS, подготвени со Дизел филтер за честички (DPF), којшто, како што кажува името – помага за намалување на издувните гасови. DPF е стандарден кај 2.0TDI 140KS, 1.6TDI CR 105KS и 1.9TDI 105KS 4WD. Но овој мотор има уште една придобивка – Common Rail технологијата, којашто го прави потивок, посмирен и поефикасен.

Сепак, интелигенцијата на новата Altea XL не е ограничена на моторот. За комфор тука е опционалниот двозонски Климатроник. А за спокојство тука се сензорите за светло што ги вклучуваат светлата истиот момент кога ќе падне ноќта, како и опционалните сензори за дожд што ќе ги вклучат бришачите наместо вас. А за да не се грижите дека ќе ги оштетите новите одбојници тука се паркинг сензорите поставени напред и назад, што ќе ве наведат на вистинското место.

Новиот мултифункционален управувач вклучува и опционален Bluеtooth® како и дневен планер. Тука е и новата инструмент табла и новиот систем за навигација со екран на допир, којшто е подготвен со читач на SD мемориска картичка и екран со висока резолуција. А за оние коишто се грижат дали останатите членови на семејството ќе бидат задоволни, тука е опционалниот 7” екран во задниот дел за моментите на забава со DVD/видео игри/iPod®. Во меѓувреме, во предниот дел за забава ќе ги најдете новите комбинирани конектори USB/ Aux-in (CUP), кои овозможуваат полна контрола на вашите MP3 записи, USB меморијата или пак iPod®, а сето тоа контролирано од мултифункционалниот управувач.

Новата Alteа XL е опремена со многу безбедносни елементи како што е Адаптивниот ситем на предни светла (AFS), којшто ги наведува Bi-xenon светлата да ја следат насоката на вртење на управувачот. Исто така поседува и светла за магла со функција на активирање во свиоци – нешто што ќе ви овозможи да гледате зад нив. Плус дневни светла (DRL) за ваша подобра видливост на автопат. Исто така вклучивме и софистицирана Програма за електронска стабилност (ESP) и Систем за контрола на тракцијата (TCS) што ќе ви даде уште поголема стабилност на патот и контрола на тркалата. Конечно, ако нештата тргнат во погрешна насока, Altea XL е подготвена со 6 воздушни перничиња (и 2 опционални странични во задното седиште) за да ве заштитат вас и вашето семејство.

Altea XL е дел од семејството на Altea, коешто доби 5 ѕвезди на Euro NCAP тестот за заштита на патниците, како и 4 ѕвезди за заштита на деца патници. Altea XL исто така е подготвена и со ISOFIX систем што служи да се поврзат детските седишта директно на шасијата на автомобилот.
.