ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 

СТАРТ

Искористете го отворениот простор и направете избор помеѓу двата стилски модели.

Altea Freetrack 4WD
Моќниот 4WD модел на Altea Freetrack ви гарантира елегантно возење, без разлика дали сте на пат или вон него. Неговите карактеристики на погон на сите четири тркала и симетричниот распоред на моќ овозможуваат сигурно управување и на најнепредвидливите површини, правејќи го тоа лесно и на опасни терени. Гледано од комфорната страна, опремен е со спортски седишта, алки и мрежа за помали предмети, двозонски климатроник, радио/CD/MP3 уред со 6 звучници, и Aux-in конекција како и мултифункционален управувач, додека греењето на предни седишта, Bi-xenon предните светла, задните стакла со двојно затемнување за забава на задните седишта, се само некои од опциите што можете да ги додадете. Суров, груб и подготвен да се справи со што било. Моќ, тракција и комфор од напред до назад.

Altea Freetrack 2WD
Altea Freetrack ќе ја угаси вашата жед за авантура и возбуда. Таa ви нуди моќ и разноврсност во сите услови, задржувајќи го својот елегантен стил и изглед. Високата позиција за возење, нови зголемени предни и задни одбојници, врвната тракција, како и 17 " фелни од лесна легура, со опционален сензор за притисок на пневматиците со ESP*, EBA & DSR опциите и` овозможуваат на Altea Freetrack сериозни карактеристики во сите услови, а опционалните - задни паркинг сензори се тука за да нема никакви проблеми во градот. Altea Freetrack во багажниот простор ви дава опционални можности, како што е завеса што ве одделува вас од вашиот багаж, преграда за складирање и мрежа за помали предмети во багажникот. Altea Freetrack е совршена комбинација на моќ вон патот и градска функционалност.

Да не заборавиме на сите детали што и` даваат предност пред останатите автомобили од својата класа: хромирана издувна цевка серија во 4WD верзија, воздушни перничиња, загревање на течност за бришачите, како и функционални држачи за чаши, се само некои карактеристики што доаѓаат како серија во овој автомобил, додека другите елементи како што се електричен сончев покрив (достапни и во 2WD верзијата) и затемнети прозорци, се некои од опциите што се на располагање.