ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 

СТАРТ
 

Дизајнирана да ве поврзе со природата, високо цврста и детаљно приспособена, Altea Freetrack е направена со агилна шасија, што ги соединува управувањето, сопирањето, трансмисијата и каросеријата во една единствена респонзивна целина, којашто го претвора секое движење во прецизен маневар. Прецизно заварените споеви и шевови, како и влијанието на Мулти-линк задната оска, што резултира со постабилна шасија, во комбинација со внимателно приспособените амортизери и ублажувачи на удар, резултираа со намалено нишање на каросеријата.

Безбедноста е приоритет на Altea Freetrack и доаѓа со долга листа елементи што гарантираат дека овој основен инстинкт ќе остане недопрен. Системите за пасивна безбедност се тука за да ве заштитат вас и вашите патници во случај на незгода, а активните за да направат сè за да не дојде до тоа.

Активна безбедност
AFS означува Систем на адаптивни предни светла – опционални Bi-xenon светла што го следат вртењето на управувачот, овозможувајќи пошироко видливо поле во свиоците. А ако тие станат многу остри, ќе можете да се потпрете на Електронската програма за стабилност (ESP*). ESP ги надгледува информациите од управувачот, тркалата, сопирачките и педалот за забрзување и ги употребува за да направи неопходни корекции. Кога ќе го притиснете педалот за забрзување, Контролата на тракцијата (TCS) се грижи ниедна коњска сила да се потроши залудно. Кога ќе треба да се притисне сопирачката, последната генерација на ABS не е единственото нешто на коешто ќе можете да сметате. Опционалната Асистенција при нагло сопирање (EBA) дава максимална моќ на сопирање од најмалото допирање на педалот.

 
 

Пасивна безбедност
Две предни, две странични и две завеси, воздушни перничиња се сериски – а исто така имате опција за уште две задни странични воздушни перничиња. Предното воздушно перниче може да се деактивира, доколку е напред поставено детско седиште. А за превенција од повреди, предните сигурносни ремени се со затегнувачи – доколку е силата на сопирање значително голема, се активира лимитер којшто постепено го ослободува отпорот на ременот. Како дополнување се задните ISOFIX контакти што служат за да се поврзат две детски седишта директно на шасијата на автомобилот.

Секоја Altea Freetrack доаѓа со импресивен список елементи што ќе обезбедат комфор во секоја средина. Двозонскиот климатроник е сериски, за вие и вашиот сопатник да можете да ја одберете својата совршена температура. Управувачот со три крака пресвлечен со кожа е исто така сериски, како и Радио/CD/MP3 уредот, којшто вклучува 8 звучници и Aux-in функција. Возачот нема да се забавува сосема, но во верзијата со погон на четири тркала во покривната конзола е интегриран 7" монитор со конектор за портабл DVD плеер, видео конзоли и iPod®.

Дизајниран за максимален комфор и практичност. Новиот опционален SEAT Media System вклучува сериски матричен екран на допир, Bluetooth®, како и опционален комбиниран USB конетор за Aux-in – контролирани од командите на управувачот. Како и пресметка за планираната дестинација помеѓу 3 и 5 секунди, надополнување во реално време – и во случај на метеж на патот – пренасочување на само еден допир на екранот, овозможувајќи ви навремено доаѓање каде и да патувате. И кога ќе пристигнете на вашата дестинација, опционалните задни сензори за паркирање се достапни за верзијата со погон на две и на четири тркала. Со Altea Freetrack ви е загарантиран комфорот и функционалноста во какви и да сте опкружувања.