ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 

СТАРТ

Високо цврст и фино приспособен, екстериерот на Altea Freetrack ги поседува сите елементи својствени за овој автомобил – за дива авантура, со доза на посебен стил. Висока седечка позиција, 17" фелни од лесна легура, предимензионирани штитници од кал, како и повишено подвозје, заедно со цврстиот, смел дизајн на овој автомобил му дава грациозен, но и моќен изглед.

Altea Freetrack поседува висoк покрив, но не е само тоа... пространа во широчина, простор за нозе и коленици, искомбинирано со потпирачот за раце и преклопливата табла зад седиштата (со држач за чаша), гарантирано ви е високо ниво на удобност без обѕир дали сте вон или на патот.

Altea Freetrack, исто така, поседува висински простор, што е важна карактеристика. Ви дава простор за ситници во предните и задните конзоли, под предните седишта – дури и на покривот*. Како дополнување, багажникот е опремен со куки, мрежа и двоен под како серија, што ќе го одржува редот во вашиот багажник и ќе ви даде многу простор. Но не е сè во тоа колку простор има, се работи колку простор се употребува – а тој го користи преубаво. Треба да ги искомбинирате децата и товарот? Не е проблем, помрднете само еден дел... или двата од задното седиште... или сите три. Најпосле, тие поседуваат потполно приспособливи потпирачи (во случај малите патници да заспијат) – сè до вкупен волумен од 532 литри простор во верзијата со погон на сите четири тркала.

Граница е само небото.