| |
Обично секое семејство носи со себе повеќе потребни предмет, секој родител тоа го знае. Нормално дека сите работи не се важни. Меѓутоа пробајте тоа да му го објасните на еден осмооделенец. Со цел да го зголемиме просторот за сите потребни работи ние дизајниравме нова, подолга Altea. Секако ја нарековме Altea XL.
Altea XL е можеби поголема но сепак го задржа познатиот изглед, маската во облик на саќе и динамичната линија на дизајн. Видливот завршеток на издувната цевка претставува уште едно оригинално обележје на SEAT. Електричните ретровизори со греачи се преклопуваат и поставуваат во “паркинг” позиција.
Брисачите се еднакво добро поставени и ги буквално ги снемува во предните столбови. А заради многуте работи кои ги носите со себе, ни се чинеше дека треба да ставиме и носачи на покривот. |