ПОЧЕТНА    ЗА НАС    НОВОСТИ    СЕРВИС    ДИЛЕРСКА МРЕЖА    МАПА НА САЈТ    КОНТАКТ 

 
 
СТАРТ
Која и да е вашата причина за потреба од малку повеќе простор, добро е да се знае дека кога ќе влезете во новата Altea, ќе имате доволно. Најпространата кабина, во комбинација со врвни возни карактеристики во својата категорија, ја позиционираат Altea не еден, туку два чекори понапред од останатите. Дали споменавме дека поседува најсовремени особини за безбедност во својата категорија? И сето тоа во комбинација со врвен комфор и најсовремена технологија.

Направете го тоа многу километри однапред.
 

 

 

Новата Altea помина низ фаза на унапредување на надворешниот дизaјн, којшто вклучува нов преден браник и маска, нови ретровизори, ново, пошироко задно ветробранско стакло, нови задни светла, опционални Bi-xenon предни светла, впечатлив нов заден дел и нови фелни од алуминиумска легура. Однатре, новата Altea сè уште поседува најголема кабина во својата категорија. Сè на сè, чувството е како да вдишувате чист возух.

Потврдените возни својства на новата Altea се и делумно благодарение на задната мулти-линк оска. Нешто што понатаму е поврзано со системот за електронско блокирање на диференцијалот, којшто е поврзан со Електронската програма за стабилност (ESP). Со други зборови: во случаи кога тркалото почнува да пролизгува. ESP системот на Altea го компензира тоа и го спречува пролизгувањето – нешто што значитечно ќе го подобри контактот што го имате со патот. Разултатот е подобра стабилност, безбедност, агилност и комфор. Ги очекуваме свиоците со задоволство.

Сестраноста не би била ништо без перформанси, а новата Altea има сè што е потребно. Во нејзините веќе спортски возни својства додаден е малку повеќе зачин, со опции како што се извoнредниот 7-степен менувач со директна промена (DSG) кој – благодарение на командите за менување поставени на управувачот – овозможува промена на степенот на пренос за дел од секунда. А тука е и Системот за динамично управување (DSR), Индикаторот за степен на пренос - со што ќе ги искористите максималните перформанси на вашата Altea, со какво и да сте расположение – и секако, ја имате на избор Common Rail технологијата, којашто го прави возењето поефикасно и потивко. Останатите опции, како што се темпомат, Дизел филтер за честички (DPF) и Контрола при тргнување на нагорнина се додадени за да креираме автомобил што е голем по перформанси исто како што е просторот на ентериерот.
.

Каков би бил животот без изненадувања? Пријатни, се разбира. Како новиот, мултифункционален управувач со интегриран (опционално) Bluetooth®, којшто вклучува и функција за дневно планирање. Како и новите мерни инструменти со модерно бело осветлување. Како новиот (со функција на допир) систем за навигација со читач на SD картичка и екран во боја. Исто така имате комплетна подготовка за iPod®. Но Altea e компатибилна со MP3 и USB, исто така. Сепак, не е предвидливо како ја слушате вашата музика.

 

 
 

При дизајнирањето на Alтea ние се обидовме да ги предвидиме вашите потреби однапред. Па кога ќе започне ноќта, вие нема да имате потреба да ги вклучите светлата – тие се активираат автоматски*. Кога ќе капнат првите капки од дожд врз ветробранското стакло, бришачите знаат дека е време да започнат со работа*. Кога се паркирате, имате избор на предна и задна Контрола на растојанието при паркирање (PDC), којашто емитува звучен сигнал што ќе ве наведува. Доколку имате сателитска навигација, ќе имате опција за Оптички систем за паркирање, што ќе ви даде визуелна претстава за растојание преку Мултифункционалниот екран.

За вашиот комфор во ентериерот SEAT Altea е стандардно опремена со контрола на климата, но поседува и опција за дво-зонски климатроник – што овозможува да возачот и совозачот ќе можат да уживаат во својата совршена температура. Уживајте во лесниот живот.

Благодарение на Адаптивниот систем на предни светла (AFS), новите Bi-xenon светла го следат движењето на управувачот, овозможувајќи ви осветлување таму каде што ви е најпотребно. Светлата за следење свиоци имаат слична функција – активирани од трепкачот, светлото за свиоци (вградено во светлото за магла) го осветлува патот во насока во којашто сакате да завртите. Вклучува и Светла за дневна употреба (DRL), ште ќе ве направи повидлив за останатите возачи.

Безбедноста е резултат на возните својства исто току колку што е резултат на елементите за заштита. Што се однесува на возните својства, новата Altea е најдобра во својата категорија. Ова е резултат на мулти-линк задната оска и Електронската програма за стабилност (ESP), којашто е поврзана со Системот за контрола на тракцијата (TCS). Во оваа последна генерација TCS поседува сензори во Системот против блокирање на сопирачките (ABS), којшто ги спречува погонските тркала да пролизгаат, како при мали, така и при поголеми брзини. Оваа комбинација ги прави лошите патишта добри. Исто така, зборувајќи за сопирачките, Altea е опремена со Асистенција при нагло сопирање (EBA), којашто ја зголемува силата на сопирање за најкраток можен период. Во меѓувреме, во внатрешниот ретровизор е интегриран сензор против заслепување, за да ве заштити од светлосниот сноп на возилата зад вас.

Преостанува да се напомене дека Altea е оценета со максимални пет звезди на NCAP тестот за безбедносно рангирање. Шест воздушни перничиња се стандардни, додека страничните воздушни перничиња за патниците назад се опционални. А за семејните потреби тука се и ISOFIX контактите за директно поврзување на детските седишта со шасијата на автомобилот, што придонесе Altea да се здобие со 4 звезди на тестот за заштита на деца. И конечно, ќе ви биде задоволство да знаете дека е овој автомобил оценет со највисоки оценки за заштита на пешаците.